Годишна изложба на Детското ликовно студио при МКЦ

Утре (сабота, 08.06) со почеток во 12:30 часот во Младинскиот културен центар ќе се реализира годишната изложба од работата на Ликовното студио при Детскиот креативен центар.

На изложбата ќе бидат претставени делата на последната генерација на деца кои членуваат во ова студио. Покрај изложбата, посетителите ќе имаат прилика да ја проследат и претставата на Балетското студио на ДКЦ – „Снежана и шестте џуџиња“, како и претставата на Драмското студио на ДКЦ – „Вештерки“.

You May Also Like