Струмичката гимназија максимално го користи развојот на технологијата и масовната употреба на интернетот за промоција на активностите, успесите, ама и за забава. Типичен пример за тоа се матурантите од генерацијата 2009/2013 во СОУ „Јане Сандански“ од Струмица.
Секоја паралелка подготвува свој креативен начин за да се „прости“ од своето училиште. Креативните матуранти се фотографираат тематски, потоа ги објавуваат своите фотографии на официјалната фејсбук страница. Страницата, освен известувања за активностите, натпреварите и проектите, вклучува и многу иновативни идеи од учениците, меѓу кои колумни од нив или од професорите.
За успешни слики е задолжен цел тим фотографи-ученици и процесот на фотографирање ќе трае до мај. Засега се објавени фото-албуми на пет паралелки, а нивните креативни идеи може да ги следите на официјалниот сајт.
Едни глумат дека се заљубени во книгите, другите покажуваат дека разликите се наш белег, некои преку испишани текстови од песни носат најразлични пораки или пак удираат шлаканица со брашно…
Ваквата идеја е поддржана од поголемиот дел од професорите и од директорката на училиштето. Дел од идеите – на следните линкови: