Премиера на „Отело“ во Битола

Премиерно прикажување на „Отело“ вечерва на сцената на Народниот театар во Битола …

dom-na-kultura-bitola

Народниот театар во Битола вечерва на матичната сцена премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Отело“ во режија на гостинот од Словенија, Диего де Бреа. Во најновиот проект на битолскиот театар ќе настапат Борче Ѓаковски во улогата на Отело, Марјан Ѓоргиевски како Јаго, како и Катерина Аневска, Иван Јерчиќ, Никола Пројчевски, Валентина Грамосли, Петар Горко и Илина Чоревска.

– Прв пат во својата кариера се сретнувам и играм толку комплексен лик. Сцените се компресирани и доминираат само акциите на актерите. Тешко беше да се совладаат барањата на режисерот и мислам дека вложив 200 проценти од мојата енергија, истакна актерот Борче Ѓаковски во пресрет на вечерашната премиера.

Од Народниот театар информираат дека театарската претстава, која што отскокнува според својата естетика, ќе биде составен дел на фестивалската програма на годинашното „Охридско лето“ и второто издание на „Битола Шекспир фестивал“.

You May Also Like