Во Струга ќе се одбележи 70-годишнината од формирањето на Првата Македонска бригада …
Во организација на струшкиот музеј „Доктор Никола Незлобински“, денеска во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга ќе се одржи свечена академија по повод јубилејот – 70 години од формирањето на Првата Македонска народноослободителна ударна бригада.
Во рамките на академијата, ќе биде промовирана новата изложбена поставка на бригадата, како и монографијата со наслов „Борбениот пат и традициите на Првата Македонска народноослободителна ударна бригада“ од професорите Ѓорѓи Чакарјановски и Тодор Чепреганов. Ќе биде прикажан и документарниот филм посветен на бригадата чиј автор е Димче Ратајковски.
Учесниците ќе одржат и тркалезна маса посветена на помалку познатите детали околу патот на бригадата, а професори од Институтот за национална историја ќе ја предадат целокупната изворна документација за бригадата на музејот „Д-р Никола Незлобински“.
Првата Македонска народноослободителна ударна бригада е формирана на 8 јуни 1944 година во струшкото село Локов, од страна на македонските батаљони кои дотогаш се бореа во составот на прославената Прва Македонско-косовска ударна бригада.
извор МИА