„Нинџа желки“ и „Траги од минатото“ од денеска во Синеплекс

Оваа недела на репертоарот на Синеплекс се „Нинџа желки“ односно враќање на омилените јунаци од детството  и една неверојатна вистинита приказна за љубовта и преживувањето – „Траги од минатото“.

 

THE RAILWAY MAN

 

Единствените херои со оклопи се враќаат – како нова генерација „Нинџа желки“ која потекнува од канализацијата на Њујорк. Тие се враќаат во свет во кој се омилени акциони идоли и ни носат нова авантура која вклучува грандиозни битки. Приказната за новото лабораториско настанување и за нераскинливата братска врска на големото платно ни ја носи мега популарниот продуцент Мајкл Беј и неговите партнери Ендру Форм и Бред Фулер.
Во 1983та година авторите на стрипови Питер Лејард и Кевин Истман низ нивните бујни скици почнаа да прикажуваат желки со маски и оружје. Ликовите беа толку живописни и забавни и постанаа супер-херои на денешницата на кои никој не може да одолее. Наскоро овие четири желки добија имиња по ренесансните мајстори – Леонардо, Рафаело, Донатело и Микеланџело.

Траги од минатото – драма на австралискиот режисер Џонатан Тепики, Со Никол Кидман и Колин Фирт во главните улоги е моќна приказна за преживувањето, љубовта и искупувањето.

1942 година, десетина илјади млади храбри војници се воени затвореници, откако јапонските сили го окупираат Сингапур. Ерик Ломакс, 21-годишен инжењер, ентузијаст за железници, е еден од оние кои се предава. Пратен да работи на „Железницата на смртта“ во Тајланд, Ерик е сведок на незамисливо патење и бол.
Заснован на неверојатната авто-биографија и на најпродаваниот мемоар, филмот„Траги од минатото“ ја пренесува епската и вистинита приказна за Ерик Ломакс. На адаптацијата на сценариото на филмот работеле Френк Котрел Бојс и Енди Патерсон.
Пронаоѓањето актери кои не сакаат и не можат да комуницираат навистина не е лесно да се стави на екран. Токму затоа, да се раскаже приказната е првиот и најтежок чекор. Нивната прва средба со Ерик Ломакс била 2 години по објавувањето на книгата. „Подоцна сфативме дека се најдовме во приказна која се уште трае. Одеднаш човекот кој поминал децении криејќи се од јавноста, станува јавна личност од која се очекува да ги раскаже и најмрачните и најинтимни тајни.“

You May Also Like