Вечер (недела, 2 февруари) во 20:00 часот во Драмскиот театар во Скопје премиерно ќе биде изведена претставата „Грофот“ по текст и режија на Димче Николовски.
Дизајнот на претставата е на Стефан Спировски, а во кастингот се Рубенс Муратовски (Давид), Калина Наумовска (Соња), Жарко Димоски (Жорж, Томас, Јаков), Игор Ангелов (гроф Владимир) и Филип Трајковиќ (Интернетот)…
Во кратката експликација за мотивот и поривот да се работи оваа пиеса Николовски ќе запише: “Што ако сите социјални конвенции денес не го тангираат предизвикот? Што ако различните улоги и различните култури направиле некој предизвик невидлив? Најголемиот од сите предизвици е квалитетот на информацијата, односно откривањето колку е таа вистинита. Секој обид за анализирање или дискутирање, секој метод за дедукција или објаснување води до истата конклузија, дека, всушност, се е лага!…”