Виолинистката Пламенка Трајковска со нов сингл

Во неделата на љубовта и виното македонската виолинистка Пламенка Трајковска го промовира својот нов сингл со наслов “ТВОЈОТ ДОПИР”.

Plamenka Trajkovska- Tvojot dopir

Композицијата е во поп-класичен стил за соло виолина и е инспирирана од љубовта и романтичните чувства. Композитор на композицијата и интерпретатор е Пламенка Трајковска, а композицијата е снимана во студиото Подрумот на Ангел Ќосев.

Пламенка Трајковска е виолинист која долги години работи на полето на популаризирање на класичната музика кај најшироката публика креирајки мали камерни состави и проекти со класична музика на отворени простори.

Досега го има објавено синглот “Светулки” во поп класичен стил за соло виолина, и албумот “Апасионато” за гудачки квартет во crossover стил, наменет за доближување на класичната музика до најшироката публика .

Новата композиција со наслов е продолжние на синглот “Светулки” кој Пламенка сака да го доработи како музички албум.

You May Also Like