Деновиве, интересен музички новитет се прошири низ социјалните мрежи. Се работи за нумерата насловена како “Whatever” која е проект на безимениот скопски состав, инаку идеја на гитаристот Дарко Стојчев (Атомик). Во проектот учество земаа и Леана Таќи – Леа (која ја знаеме од песните и спотовите на Eye Cue), Стефан Стојчев (Charlie Hitt, Beta House) и Бодин Попов (Charlie Hitt, Beta House).