Стихови од младата Ирена Христова објавени во меѓународна збирка

Здружението на балкански уметници од Субoтица, Србија објави меѓународна збирка поезија, проза и афоризми под наслов ,,Голи живот у уметности’’, a во неа стихови и на македонски јазик од младата поетеса Ирена Христова од Велес.

Stihovi na I. Hristova vo Megunarodna zbirka

 

Меѓународната збирка ,,Голи живот у уметности’’ е објавена во електронско, а наскоро ќе биде промовирана и во печатено издание. Збирката поезија, проза и афоризми содржи творби кои се избрани и наградени на Меѓународен поетски конкурс распишан од Здружението на балкански уметници од Суботица.

Во ,,Голи живот у уметности’’ покрај стиховите на младата македонска поетеса Ирена Христова, се застапени и песни на автори од Србија, Хрватска, Црна Гора, Египет, Словенија, Германија, Украина…

You May Also Like