Наредните седум дена следува богата програма во рамки на манифестацијата Гевгелија – Град на културата. Погледнете што се ќе можете да проследите на програмата:
26-28 Август: Мултимедијален арт фестивал „БОШ“,
Во текот на трите фестивалски дена (петок, сабота, недела), предвидени се бројни, off-mainstream содржини, (професионални и аматерски), како на пример театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања. Сите настани се бесплатни…
Првото издание на БОШ ФЕСТИВАЛ се случи во 2009 година, а во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет, Бошко Бозаџиевски (1981-2008). Истиот е посвета од неколку блиски пријатели.Програмата е следна:
26 Август: Causa Sui-изложба на фотографии, Жонглер перформанси, Проекција на кратки филмови, Јас и Он-изложба на фотографии,, Интровертни муабети-изложба на цртежи, Гоце Цветковски-анимација, 4 min со Дејан Џолев Струмичанец од Скопје, SHINDEV – live, Кили &Ана Кабаре
27 Август: Графити сесија, Феноменот на театарот-работилница, Дијалог-изложба на графити и фотографии,The World of My eyes- izlozba na fotografii, Изложба на накит, И фабриките имаат душа-video art, Ако никој не свири-документарен филм.
28 Август: Пермакултурна Хармонија во простор-аудио-визуелна ароматичен перформанс, Слугинки (театарска претстава, Slem coupe, Проекција на видеа од млади македонски автори, Ha ha ha-live, Marchin Off pop/Toni Dimitrov live. Перформансите ќе се одвиваат на различни локации во градот и тоа:Стара чаршија, Градски плоштад, Хотел Аполонија-тераса, Стара градинка, Виолета парк.
29 август: Струшките вечери на поезијата во Гевгелија (Поетска вечер во Гевгелија со дел од учесниците од Струшките вечери на поезијата)
30 август: 21:00 часот Ликовен салон во хотел „Аполонија“
Меѓународна изложба од графичка колонија “ГЕВГЕЛИЈА“
31 август: 21:00 часот Green garden – хотел „Аполонија“
Годишна ликовна изложба на Мултимедија Центар