Вечерва (понеделник, 29 април 2013 година) со почеток од 19:00 часот во Цежнтарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи предвелигденски духовен рецитал на кој ќе настапи црковниот градски хор „Свето Благовештение“.
Под диригентската палка на м-р Гоце Секулоски хорот ќе исполни повеќе композиции.
Програма:
Во Царствии Твоем од П.Динев
Днес Спасенија источно црковен напев
Благослови Душе Моја од И.Алфеев
Кресту Твоему – Обиходно
Јако до Царја – Теофаново
Милост мира – Теофаново
Свјат, Свјат, Свјат – Теофаново
Теми Поем – С. Мокрањац
Отче наш – П.Митревски
Един Свјат – М.Дилецкиј
Величание на Св.Климент Охридски – К.Македонски
О Преслаткиј – А. Бортњански
Трета Статија – источно црковен пнапев
Христос Воскресе
Ангел Вопијаше – Г.Секулоски
Податоци за хорот:
Хорот „Свето Благовештение“ формиран е 2000 година. Во својот репертоар се определува за негување на македонската духовна традиција, при што покрај прилепскиот автор Атанас Бадев, обработува композиции кои се дел од музичкото творештво на останатите православни земји. Досега учествувал на повеќе манифестации каде ја презентирал духовната традиција на Прилеп.
Хорот редовно учествува на Светите и Божествени литургии во двата прилепски храма „Св. Благовештение“ – Стара црква и „Св.Кирил и Методиј“, каде со своето пеење ја збогатува молитвеноста и благолепието на православната богослужба.