„Ѕвончињата“ од Битола ќе пејат за Тоше

Прес-конференцијата по повод одржувањето на концертот „Пееме до ѕвездите“, ќе се одржи  утре (петок, 22 февруари) во 11:00 часот, во салата на Државното музичкото училиште во Битола (Горно музичко училиште).

На прес конференцијата ќе се презентираат деталите за концертот од страна на уметничкиот раководител проф. Марина Коруновска, која воедно е и професор во Музичкото училиште,  во присуство на директорот на Државното музичкото училиште во Битола, Панде Мицевски, кој ќе говори за значењето на хуманитарниот гест од страна на детскиот хор „Ѕвончиња“ за донирањето на музички инструмент за училиштето.

Концертот насловен како „Пееме до ѕвездите“ и годинава ќе ја продолжи традицијата по повод раѓањето на нашата најголема музича икона, Тоше Проески.

Концертот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура во Битола, на 23.02.2013 (сабота), со почеток во 19 часот, а покрај прекрасните „Ѕвончиња“ годинава ќе учествува и групата Калабалак, вокалната група Мелодиум, а ќе гостува и хорот на словенечкото друштво Триглав.

You May Also Like