Светот ќе ја добие и првата библиотека …без книги. Звучи помалку чудно, но вистинито. Оваа есен би требало да биде отворена BiblioTech, првата електронска библиотека, во Сан Антонио, Тексас.
Со големина од околу 464 квадратни метри, просторијата ќе биде супер модерна. Лавината од книги ќе биде заменета со компјутери и други уреди, преку кои посетителите ќе имаат достап до е-книги во библиотеката. Според планот, во BiblioTech ќе има околу 100 електронски читачи. Подоцна ќе бидат набавени уште толку. А ќе има и лаптоп компјутери, таблети и е-читачи за деца.
Клиентите ќе имаат можност да изнајмат е-читач (уред за удобно читање на е-книги), заедно со е-книга, или да дојдат со свој споствен уред и да си ја превземат книгата.
Пaртнерите на бибилиотеката ќе осигурат каталог со околу 10 илјади наслови за почеток. Се надеваат дека оваа бројка да се зголемува од година во година.
Подготвил: Л.Ѓ.