Денеска сабота(10 мај), во 20:00 часот, во кино Милениум е премиерата на новиот филм на Срѓан Драгојевиќ, „Атомски од десно“.
Гости на скопската премиера на филмот ќе бидат режисерот Срѓан Драгојевиќ, продуцентката Билјана Првановиќ, како и дел од актерската екипа на филмот.
Тие в недела во 11:00 часот во Младинскиот Културен Центар ќе присуствуваат на да рес-конференција, неформално дружење и појадок со претставници на медиумите.
Атомски од десно (Atomski z desna)
Режија: Srdjan Dragojevic
Сценарио: Srdjan Dragojevic
Улоги: SrdjanTodorovic, TanjaRibic, BojanNavojec, BrankoDjuric, MiraBanjac, AnaKostovska, ZoranCvijanovic, IsidoraSimijonovic
Траење нафилмот: ’94
Жанр:Комедија / Драма
„Атомски од десно“, најновиот филм на генијалниот Срѓан Драгојевиќ, од Сабота(10.05) премиерно и ексклузивно на репертоарот на кино Милениум.
По култните „Ние не сме ангели“, „Рани“, „Убавите села, убаво горат“ и последното комично и неверојатно интересно филмско остварување „Парада“, Драгојевиќ на големото платно ни пласира уште една продукција која на сатиричен начин го опишува функционирањето на народите од екс-југословенските простори во поствоениот период. Битката по пари и подобрување на економската состојба ги води главните ликови Младен, Соња, Метод, Педро и останатите на Хрватското крајбрежје, каде сите се инволвирани во бизнисот со издавање апартмани на принципот „тајм-шер“… Ситуацијата се компликува кога „во игра“ ќе влезе Омер, човек со тежок карактер и ветеран од војната во Босна, а дејството доживува кулминација кога неговиот 3-годишен син ќе падне од терасата на хотелот и завршува во болница.
„Атомски од десно“ е балканска комична приказна за обичните луѓе со големи соништа, за луѓето чии желби и апетити се поголеми од нивните реални можности.