Петнаесеттиот Скопски филмски фестивал како по традиција ќе се одржи во втората половина на месец април, односно од 19 до 27 април. Во богатата деветдневна програма ќе може да се видат некои од највпечатливите филмови од минатата година, остварувања кои беа дел од селекциите на големите филмски фестивали во Кан, Венција, Карлови Вари, Торонто.
Програмата еподелена во неколку категории: Гала проекции, Авторски филм, Главна програма, и Документарна програма. Локациите на кои ќе се одржуваат проекциите се традиционални и и се добро познати на домашната филмска публика: киното Милениум во ГТЦ и Кинотека на Македонија.
Скопските филмофили ќе можат да го видат последниот филм на американскиот режисер Гус Ван Сант – Restless, необичен филозофски филм за една болна млада девојка заљубена во момче кое е фасцинирано од погреби. Филмот беше дел од фестивалите во Кан и Торонто. Од режисерот Кери Фукунага доаѓа нова филмска верзија на еден од најфилмуваните класични романи од 19 век – Џејн Ејр на Шарлот Бронте, филм кој ја воодушеви публиката во Карлови Вари, Торонто и на белградски Фест, а имаше и номинација за Оскар.
На програмата на 15.СФФ е и новиот филм на Клинт Иствуд, Ј.Едгар, биографска драма за Едгар Хувер, човек кој со децении беше на чело на ФБИ. Од култниот јапонски режисер Такаши Миике на СФФ ќе го видиме филмот Hara-Kiri: Death of a Samurai, кој нема да ги разочара оние кои од него очекуваат уште една акциски спакувана епска приказна. Филмот беше дел од програмите на фестивалите во Кан и во Лондон, као и на белградски Фест. Во главната програма се и филмовите: “The ides od march” на Џорџ Клуни ( Венеција, Оскар, Лондон), The Raid на режисерот Гарет Еванс (Награда од публика на Торонто ФФ и Даблин ФФ), The Rum diary – Bruce Robinson, Trisha на режисерот Мајкл Винтерботом (Торонто, Лондон ФФ, Токио, Лондон).
Од документарната програма на 15 Скопски филмски фестивал ги издвојуваме документарците: Gainsbourg:a heroic life – JOANN SFAR и MARINA ABRAMOVIC : THE ARTIST IS PRESENT.
Со програмата Ретроспектива , СФФ годинава му оддава чест на големиот руски филмски гениј Андреј Тарковски. На програма се неговите филмови
Огледало, Иваново детство и Андреј Рубљов.
Кинотеката на Македонија во соработка со холанската и со јапонската амбасада, на Скопскиот фестивал ќе ги претстави ревиите на јапонски филмови и на холандски документарци.
Во Кинотеката ќе биде прикажан и Zero Recycled-Sri Charsy во режија на Александар Станковски.