Монолошкиот спев “Да се биде Македонец” во Гевгелија на актерот Петар Темелковски …
Познатиот македонски актер Петар Темелковски во пресрет на 8-ми септември Денот на независноста на Република Македонија, вечерва (7 септември) ќе гостува во Народниот театар во Гевгелија.
Пред гевгелиската публика тој ќе гостува со монолошкиот спев „Да се биде Македонец“.
Спевот е работен според посланијата на Св.Апостол Павле до Македонците и Повелбата на Македонија.
“И не сме Македонци само затоа што зборуваме на Македонски, и не сме Македонци само затоа што пишуваме на Македонски, и не сме Македонци само затоа што пееме на Македонски , и не сме Македонци само затоа што сме распарчени на Македонски … МАКЕДОНЦИ СМЕ НАЈМНОГУ ЗАТОА ШТО СМЕ СТРАДАЛЕ И ЗАТОА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ НА МАКЕДОНСКИ !!!”
Петар Темелковски ќе настапи во Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 20 часот.