Арифовска, Џорлев и Даутовски со целовечерен концерт во Италија

Концертот на Арифовска, Џорлев и Даутовски ќе се одржи во театарот „Artificerie Almagia“ во Равена, Италија …

dzorlev arifovska dautovski

Македонските музички Зоран Џорлев, Бајса Арифовска и Ратко Даутовски утревечер во Равена ќе одржат целовечерен концерт во рамки на светски реномираниот фестивал „Трансмишн“ („Transmissions”).

Фестивалот седми пат го организира Бронсон продукција. Концертот на Арифовска, Џорлев и Даутовски ќе се одржи во театарот „Artificerie Almagia“ во Равена, Италија. На истата сцена, македонските музичари ќе се дружат со врвниот кавалист Неделко Неделков од Бугарија, Балаш Унгер – цимбалист од Унгарија и Кинг Наат Велиов и „Кочани оркестар“.

На барање на фестивалот, оваа музичка тројка ќе изведе традиционални мотиви од Македонија, адаптации и авторски дела на Арифовска и маестро Џорлев.

– Изразувам голема благодарност до Карол Силверман, професор по антропологија и фолклор на Универзитетот во Орегон, што јас сум нејзина препорака од Македонија за настап на овој реномиран фестивал. Ова е настан од големо значење, кој гледано културолошки, уште еднаш го потврдува се поголемиот интерес и потребата за квалитетна презентација на нашиот национален музички израз во светски рамки, изјави Арифовска. Додаде дека со маестро Зоран Џорлев, покрај заедничките активности во Националниот ансамбал за народни песни и игри „Танец“, во последниов период соработуваат одлично. Бајса и Ратко, повеќе од десетина години се дел од „ДД“ квартетот.

Освен нашите македонски музичари, на фестивалот настапуваат и многу познати имиња од САД, Шведска, Унгарија, Турција, Србија.

You May Also Like