Вечер (14 јуни 2013 година, петок), во 22:00 часот, на Плоштадот Македонија, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, официјално ќе го прогласи за отворен 8-от Меѓународен уличен фестивал „Баскерфест 2013“.
Отворањето ќе биде резервирано за спектакуларниот настап на италијанската трупа „Il Posto“, а претходно, во 19 часот, пред Веро Центарот во Скопје, сите артисти – учесници на годинешниот Баскерфест, на публиката ќе и претстават дел од своите точки.