Започнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ која ќе се одржи во Крива Паланка …
Во организација на општина Крива Паланка од денеска до 27 август ќе се одржи јубилејното, десетто, издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“. На годинашната програма годинава ќе настапат културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Романија, Словачка, Црна Гора, Србија, Бугарија и Македонија.
Фестивалот започнува во 20 часот, а во истиот термин започнуваат и сите фестивалски вечери. Настапите ќе се одржат на плоштадот „ВМРО“ во центарот на Крива Паланка. Пред почетокот на официјалната програма, во 18 часот е закажано свечено дефиле на сите учесници кое ќе започне од улицата „8 Септемри“ во населбата Осичка Маала. Дефилеа се предвидени и за останатите две фестивалски вечери, со различни појдовни локации за да можат гостите – учесници да се запознаат со градот, а пак кривопаланчани да уживаат во мелосот и колоритните носии на фолклористите од разни земји и култури.
Фестивалот се одржува од 2005 година по повод големите христијански празници Успение на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Осоговски, кој е светец-закрилник на Крива Паланка и патрон-празник на градот.