Во Пехчево вечерва со свечено дефиле започна четвртото издание на фестивалот за дувачки оркестри „Пехчево 2014“ …
Во дефилето учествуваа Мажоретниот состав „Бижу“ при КУД „Никола Вапцаров“ од Благоевград, Бугарија, играорната група при КУД „Јане Сандански“ од Пехчево, Дувачкиот оркестар „УСКА – КАН“ од Берово и Дувачкиот оркестар „Сурдулица“ од истоимениот град во Република Србија.
По свеченото отворање се очекува настап на Ансамблот „Танец“ од Скопје, дувачкиот оркестар при Националната хуманитарна гимназија „Св. Кирил и Методиј„ од Благоевград, како и солистката Анета со групата „Молика“.
Првиот натпреварувачки ден е утре, а завршниот в недела на 13 јули, кога ќе бидат објавени наградите. Годинава прва награда е златна труба, втора – сребрена труба и трета тапан.
Попладнево градоначалникот на Пехчево Игор Поповски и жири – комисијата на четвртото по ред издание на фестивалот на дувачки оркести „Пехчево 2014„“ одржаа прес- конференција на која беше истакнато дека годинашниве победници покрај првата и втората фестивалска награда, се стекнуваат со право за учество на Интернационалниот музички фестивал на дувачки инструменти во Гуча, Република Србија.
Според фестивалските пропозиции секој од оркестрите годинава ќе има настап по дваесет минути со по три композиции од кои првата задолжително е македонска.