Спроведена акцијата „Македонија без отпад“

Во општина Гази Баба на кејот на реката Вардар во н.Керамидница трета година по ред, се спроведе еколошка акција „Македонија без отпад“.

akcija_makedonija_bez_otpad

Оваа акција се спроведува на територија на цела Македонија во рамките на неколку општини, каде се чистат одредени локации.

Во акцијата учествуваа заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, градоначалникот Тони Трајковски , пратеничката, Лилјана Поповска, општинската админстрација, припадниците на Армијата на Р. Македонија, ЈКП Гази Баба, ЈП Паркови и зеленило на град Скопје, здруженија на граѓани и жители од општината.

Целта на акцијата е да се подигне свеста кај граѓаните за овоможување на почиста животна средина. Градоначалникот апелираше до сите граѓани на општина Гази Баба и Градот Скопје да се грижат за својата околина, редовно да се собира отпадот, да не се фрлаат отпадоци во реката Вардар и во околината која живеат и редовно да се коси тревата.

Во општината е зголемен и бројот на комунални редари кои ја секојдневно ја контролираат состојбата на терен.

You May Also Like