По денешната прва претстава „Розевиот соновник“ на театарот „Мала сцена“ од Загреб која го отвори фестивалот „Битолино“, вечер во 19:00 часот во Народниот театар ќе биде изведена претставата „Не можеме да останеме на ова“ на ТИЈАТРОТЕМ ТЕАТАР од Истамбул, Турција.
Автор на „Не можеме да останема на овае“ е Ајше Селен, режијата е на Ајше Селен, Сеншувар Акташ, сценографија и кукли: Сеншувар Акташ, играат: Ајше Селен и Сеншувар Акташ. Јазик -турски. Претставата е наменета за деца на возраст од 6+.
Во 20:30 на програмата во голема сала на Центарот за култура Битола, е претставата „Јованче и Марика“ на Театарот „Антон панов“ од Струмица.
Познатата приказна на браќата Грим е во режија на Дарко Ковачовски,сценографијата костимографијата и куклите ги изработи Надја Ковачовска, композитор е Станимир Иванов. Во претставата играат:Стојан Велков, Ванчо Василев, Оливера Аризанова, Ангелина Тренчева Ангелова.
Детскиот театарски фестивал „Битолино“ трае до вторник.