Вечер (недела, 5 август, 2012) во 21:00 часот во Домот на Арм во Битола, сензационалниот тегет театар „Кабаре“ од општина Стари Град, Белград ќе ја изведе претставата „Ќе станам богат и славен“.
Музичко – сценската претстава „Ќе станам богат и славен“ претставува реминисценција на Рок ен рол генерацијата која израснала на почетокот на 70 те години на минатиот век во Белград. Прелистувајќи го стариот „Споменар“ (фејсбукот од тоа време), авторите стигнаа до значајни теми за растот и созревањето на младите од тоа време: првата љубов, првото сексуално искуство, образованието, религијата, комунизмот, пороците, демократијата, долгиот пат во Европа…, но од денешен агол, споредувајќи го тоа време со времето на денешната генерација, денешните општествени односи и денешната поп музика. Различни музички стилови од поп, рок, блуз, танго, панк ја следат секоја приказна во оваа претстава, што неа и дава посебна димензија, како жанровски, така и тематски.
Автор на текстот е Ненад Вржиќ – Вржа, музика Бранко Богичевиќ – Теги. Главниот лик го толкува белградскиот драмски уметник Марко Марковиќ, член на белградскиот театар Славија и сензационален тегет театар.
Други членови: Јелена Јанковиќ- клавијатури, Бранко Богичевиќ – Теги – гитара и придружен вокал, Ненад Вржиќ – Вржа – бас гитара и придружен вокал, Милан Мариќ – тапани и удиралки.
Во исто време во Народниот театар ќе биде одржана концертна промоција на ЦД на Билјана Дамјановска Јанчевска.