Денес е меѓународниот ден за безбеден интернет, ден со една единствена цел, да ги потсети децата и младите да ја користат одговорно и безбедно светската мрежа и мобилните технологии.
Идеата на овој ден, кој се одбележува веќе 10 година по ред, е на Европската комисија, а организатор е INSAFE- европска мрежа од 30 интернационални центри за безбеден интернет. Оваа година фокусот на денот е врз онлајн правата и одговорноста на корисниците.
Ученици од цела европа, заедно со педагози, министри за образование, амбасадори… денес во своите училишта ќе организираат парламенти, на кои ќе разговараат за својата безбедност и одговорност на интернет. Веројатно поголем дел од училиштата, како скопската гимназија “Никола Карев” и кај нас ќе организираат вакви активности, кои се за поздрав.
Неколку совети, кои ги преведовме специјално за нашите читатели од официјалната страна на Safer Internet Day. Универзални правила нема, но добро е родителите да се запознаени со некои основни правила, кои ќе помогнат околу избегнување на оналајн опасности.
– Никогаш не давајте ги своите лични податоци. Објаснете му на детето каква е опасноста во интернет мрежата од делење на личните податоци- адреса, слики, телефонски број, место на живеење, училиште, име на родителите, нивните телефони, броеви на кредитни картички..и сл. Правилото всушност е подеднакво важно и надвор од мрежата.
– Не биди сигурен, додека не си сигурен. Посветете внимание на вашиот тинејџер, кажете му дека, никогаш неможе да биде сигурен дека непознатиот со кој контактира на мирц(чат) или социјалните мрежи, е оној, кој вистински се претставува. И какви интереси може да има…Нема потреба да сеете страв во вашето дете или да му забраните да одржува контакт, но важно е да му раскажете за многубројните примери на злоупотреба. Паметно е, да го посоветувате да ги ограничи контактите онлајн, само со луѓе кои ги познава.
– Не плаши се да кажеш. Децата треба да знаат дека, не се должни да одговорат на пораки со заканувачка содржина. Треба да знаат дека не е нивна вината, ако ги добиле. Објаснете дека, ако добијат такво нешто постои начин да се открие информација преку операторите за лицето кое стои зад тие пораки, и да се најде причината.
– Не е срамно да се разговара. Научете го своето дете, да ви сигнализира кога наиде на сајт со незаконска содржина. Специјалниот сајт crisp.org.mk, на пример, е од голема корист за родители и воопшто за секој во нашата држава кој сака да се информира , за проблеми околу интернет безбедноста..
– Не се среќавај со онлајн пријатели! Никој не сака да биде контролиран, кога се среќава со пријател, но детето треба да знае дека, да се сретне со пријател од интернет, кој никогаш го нема видено, е рушење на правилото “не разговарај со непознати“, дури и да не го разбира тоа. Одлично е да ви каже и заедно да отидете на договорената средба. Бидете секогаш сигурни дека е отворено со вас и ве известува со кој се среќава.
– Не симнувајте и не инсталирајте програми, пратени од непознати. Нека детето знае, дека ако инсталира нови програми без ваше одобрение, тоа може да ја нарави лесно достапна личната информација, зачувана на компјутерот.