Вчера вечер (недела, 1 јануари 2011 година) околу 22 часот, во 94-тата година од животот, почина првиот македонски Претседател по независноста, Киро Глигоров. Тој оваа функција за обавуваше се’ до 1999 година, кога на негово место дојде покојниот Борис Трајковски.
Глигоров ќе биде погребан во семејната гробница во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел. Таму е закопана и неговата сопруга Нада која почина во 2009 година, а во гробницата се пренесени и посмртните останки на неговите родители кои биле закопани во Белград.