Почина една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Витни Хјустон (9 август 1963 – 11 февруари 2012 година). Пејачката била прогласена за почината околу 12 часот по полноќ, откако не успеале напорите на брзата помош за реанимација.
Со продадени преку 170 милиони копии низ светот се вброи во елитата на женските вокали заедно со Селин Дион и Мараја Кери. Витни Хјустон ќе биде запаметена по својот брилијантен глас, но и по многуте скандали поврзани за нејзиниот приватен живот.
Долгогодишниот проблематичен брак со пеачот Боби Браун, исполен со насилство, скандали и многу дрога, придонесе за прераната смрт на оваа мега ѕвезда. Кокаинската зависност придонесе за многу здравствени проблеми, кои на крајот го прекратија животот на оваа мизчка дива.
Фановите во Њујорк почнаа да се собираат пред познатиот Аполо центар, во чест на оваа нивна музичка икона.