Во четврток, на 17 јули 2014 година, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци, ќе ја одигра својата најнова премиера – претставата “Последниот балкански вампир“.
„Последниот балкански вампир“ е по текст на Дејан Дуковски, а во адаптација и режија на Александар Малинков, во претставата играат Диме Коцевски, Видан Станоев, Милица Гочевска, Александар Малинков, Коле Колев, Валентина Ѓорѓиева и Костадин Прокопов. Изборот на музика е на Марјан Тодоровски.
Премиерата ќе се случи во 20 часот, а првата реприза за љубителите на театарот во Кавадарци е веќе во петок на 18 јули 2014 година, исто во 20 часот.