Книга од Маџиров меѓу петте најдобри во САД

„Остатоци од некое друго време“ (Remnants of Another Age) на македонскиот поет Никола Маџиров е избрана меѓу петте најдобри поетски книги во американскиот магазин „Манархи“.

Книгата на Маџиров се најде на списокот заедно со „The Half Finished Heaven“ на Нобеловецот Томас Транстромер.

Никола Маџиров е меѓу најпреведуваните македонски и европски поети. Тој беше македонски учесник на Културната олимпијада во Лондон, а неговите дела досега се преведени на 30 јазици и издадени во збирки и антологии во САД, Европа и во Азија.

You May Also Like