Изложба „Македонија во балканските војни 1912 и 1913“ во Крушево

Во Крушево денеска беше отворена изложбата „Македонија во балканските војни 1912 и 1913“ …

istoriski muzej krusevo 3

Во Крушево во домот на културата „Наум Наумоски Борче“ денеска беше отворена изложбата „Македонија во балканските војни 1912 и 1913“ што ја организира Историскиот музеј Крушево. Според директорот на музејот, Зоран Богески, изложбата претставува документ за еден од најтешките периоди за Македонија.

istoriski muzej krusevo 4

– Претставени се материјали, документи и фоографии од воениот архив од Велико Трново од соседна Бугарија. Тоа се нови материјали кои даваат нови или дополнуваат дел од сознанијата за Балканските војни кои завршија со поделба на македонската природна, етничка и економска целина, вели Богески.

Автори и промотори на изложбата се професор д-р Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив на Македонија и професор д-р Александар Трајановски. Изложбата преку музејот од Куманово, каде првпат е промовирана, ја финансира Министерството за култура.

istoriski muzej krusevo 2

istoriski muzej krusevo 1

You May Also Like