Општина Центар изминатиов период реализираше хуманитарна акција под мотото „Бидете хумани, да им помогнеме на нашите сограѓани“, која беше наменета за граѓаните на Општината, приматели на социјална парична помош.
Во оваа хуманитарна акција, се приклучи и Алфа Банка, компанија со развиена свест за општествена одговорност со доделување на пакети со прехранбени продукти.
Хуманитарна акција, која и претходеше на ова доделување на пакети, започна на 2 ноември, во пресрет на Денот на Општината. Во истата покрај вработените се вклучија голем број на граѓани од Општина Центар и пошироко, кои донираа значителна количина на облека и обувки.