На овогодинешното издание на Фестивалот за интернационален алтернативен тетарар ФИАТ во Подгорица, денеска (6-ти септември, сабота) ќе биде претставен портрет на македонскиот писател Јордан Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.
Во рамките на портретот на Плевнеш ќе биде промовирано црногорското издание на неговиот роман “Осмото светско чудо”. За романот ќе зборуваат Бранислав Мичуновиќ, Радмила Војводиќ и Бранко Балетиќ, а извадоци ќе претстави црногорскиот актер Бане Поповиќ.
Во рамките на портретот ќе биде изведена монодрамата по текстови на Плевнеш “Револуција или Неволуција”, во изведба на актерот Рубенс Муратовски.