Веле Смилевски нов претседател на ДПМ

Веле Смилевски е избран за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија …

vele_smilevski

На денешното Изборно собрание на Друштвото на писателите на Македонија за нов претседател е избран Веле Смилевски. За Смилевски гласаа 86 посто од учесниците во работата на највисокиот собир на македонската писателска асоцијација.

За нов претседател на Собранието на ДПМ е избран писателот Раде Силјан.

Покрај претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, се избра и Претседателство од 9 члена, како и Собраниски одбор во кој влегоа по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на писателската асоцијација. Изборот е за мандат од четири години.

You May Also Like