„Засади дрво за мир“ во градинките во Гази Баба

Во сите објекти на градинката „Детска Радост“ во Гази Баба се одвиваше Акцијата „Засади дрво за мир“ 2014, која е во организација на Интернационалната програма „Учење за шумите“ (Learning about Forest) на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) и ЕНО програмата (ENO), додека во Република Македонија се спроведува преку Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

akcija_zasadi_drvo_za_mir_gazi_baba

 

Со учеството во акцијата, градинката се вклучува во светската мрежа на градинки кои работат за создавање на одржлива иднина преку еколошка едукација. Оваа мрежа овозможува реализација на кампањи за мир и одржлива иднина од светски размери.

Настанот ги поврзува децата од целиот свет, насочувајќи ги кон прашања од областа на животната средина. Што е уште поважно, настанот го промовира образованието за мир и ја зголемува свесноста на децата за важноста на дрвата и шумите во светски рамки. Садењето на дрва ја симболизира надежта и трајноста на животот.

Првите дрва ќе бидат засадени напладне во Океанија. Следејќи го сонцето, следните дрва ќе бидат засадени во Азија, Европа и Африка. Конечно, овој синџир на дрва ќе стигне до Америка.

You May Also Like