Во февруари секојдневно по една нова е-книга од „Блесок“

Првиот издавач на електронски книги во Македонија „Блесок“ ја почнува акцијата „Секој работен ден во февруари – по една нова е-книга од Блесок“ по повод 17 години од основањето на првото е-списание во Европа „Блесок – литература и други уметности“.

blesok

Во соработка со „Традуки“, во текот на февруари „Блесок“ ќе објавува по една нова е-книга во секој работен ден и со нив ќе го зголеми фондот на објавени е-книги на 465.

– Дваесетте работни денови во февруари ќе донесат 20 е-книги од врвни автори од Европа: Оља Савичевиќ Иванчевиќ, Инго Шулце, Ренато Баретиќ, Томас Бернхард, Георги Господинов, Фадила Нура Хавер, Миле Стоиќ, Ивана Сајко, Борис Билетиќ, Слободан Шнајдер, Бенјамин Штајн, Фарук Шехиќ, Дамир Милош, Горан Самарџиќ, Биљана Србљановиќ, Адолф Мушг, Младен Ломпар, Снежана Букал, Беким Сејрановиќ, Јудит Шалански …, соопшти „Блесок“. Книгите ќе може да се преземат на http://blesok-shop.mk .

You May Also Like