Порта „Македонија“ е комплетна

Завршено е ентериерното уредување на галерискиот простор и видиковецот на порта „Македонија“ во центарот на Скопје, со што овој објект се претвора во културен центар каде што ќе се одржуваат различни манифестации.

Во подготовка e Фотомонографија за портата во која низ фотографии, скици, како и историски, есеистички и архитектонски гледишта од стручни лица ќе биде претставен објектот со сите релјефи поединечно.

Исто така, на денот на отворањето на портата, кога и ќе биде промовирана Фотомонографијата, ќе има промоција на брошура за 35-те скулптури од централното градско подрачје.

На високата отворена тераса со површина од 180 м2 поставени се два телескопа, преку кои посетителите ќе може да ги набљудуваат знаменитостите и убавините на градот Скопје. Набавени се и други седум телескопи кои, меѓу другото, ќе бидат поставени на скопското Kале и на Самуиловата тврдина во Охрид.

 

You May Also Like