Поради денот на жалост во земјава за загинатите четворица припадници на МВР во хеликоптерската несреќа во Струмица, сите настани на Бит Фест денеска беаоткажани, а програмата ќе продолжи утре.
Во 20 часот утре во Мала сала на Центарот за култура ќе биде прикажан документарниот филм „Мој живот, мој филм“. Во 21 часот во Магаза на програмата се филмските денови „See a Paris“.
Од 21 часот на Широк Сокак ќе почне концертот на „Џоук“ од Франција, а исто така од 21 часот, но во амфитеатарот во Хераклеја ќе биде изведена театарската комедија „Венецијанска свадба“. Преставата по текст на Димитар Захариевски, а режирана од Бојан Стојков, е во продукција на ЗГ „Дел-Арте“ од Битола.
Од 21 часот во Дом на АРМ Битолската опера ќе го изведе мјузиклот „Тhe Opera House“. Оваа изведба е реприза.