Женскиот младински хор при МКЦ, со концерт во чест на Драган Шуплевски

Утревечер (понеделник, 12 декември 2011 година), во киното “Фросина” со почеток во 20:00 часот, под диригенската палка на диригентот Сашо Татарчевски, Женскиот младински хор на Младинскиот културен центар ќе одржи концерт по повод десетгодишнината од смртта на доаенот на хорското диригирање, професорот Драган Шуплевски.

Специјални гости на вечерта, Мандолинскиот оркестар, раководен од Ванчо Јовчев, и оркестранти од Македонската филхармонија.

You May Also Like