Македонскиот поет Панде Манојлов, автор на дваесет книги поезија и проза годинава е единствен учесник од Македонија на 21 меѓународен Фестивал на слободниот стих што се одржува во Санкт Петербург, Русија.
Годинава големата поетска манифестација е посветена на 75-годишнината од раѓањето на познатиот руски писател и поет, учесник на Струшките вечери на поезијата Вјечеслав Купријанов.
Овој светски реномиран поетски фестивал на кој годинава ќе настапат над стотина поети од повеќе држави од светот се одржува во Москва и Санкт Петербург. Манојлов со свои стихови на македонски и руски јазик ќе настапи на 26 април во престижниот Арт Центар во Санкт Петербург.