Полскиот камерен ансамбл Бореас во Даут Пашин Амам

Концерт на полскиот камерен ансамбл БОРЕАС од Полска кој ќе се одржи на 27 јули 2014 година, недела во галеријата Даут Пашин Амам со почеток во 20:30 часот.

boreas2Концертот се одвива во рамките на фестивалот за современа музика МОДОАРС 2014 кој се реализира под покровителство на Министерството за култура на Македонија. Македонската публика за прв пат на овој концерт, ќе има можност да слушне музика која ќе се изведува на автентини барокни инструменти: барокна обоа, барокно виолончело, барокна гитара, лаута и теорба. Членовите на ансамлот Бореас на овие инструменти ќе изведуваат музика од барокот, класицизмот романтизмот, но и музика напишана од современи автори.

Балканскиот фестивал за современа музика „Модоарс 2014“ по петти пат се одржува во неколку градови во Македонија. Во ова издание на фестивалот се предвидени 5 концерти на еминентни музички имиња од нашата земја, како и на гости од Полска и Србија. Во рамките на фестивалот воедно ќе се одржи и интернационален концерт на млади пијанисти, на возраст до 14 години и тоа од Македонија, Унгарија, САД, Словачка, Англија, Бугарија, Германија, Грција, Шведска и Холандија. Фестивалот се одвива под покровителство на Министерството за култура на Македонија, и со поддршка на концертната агенција „Либер легис – Музика универзалис“.

Фестивалот има за цел да промовира млади и талентирани уметници од нашата земја и земјите на Балканот, но воедно и нуди можност на македонската публика да слушне настапи, концерти на веќе афирмирани уметници. Во својата програма се стреми пред се кон промоција на класичната музика на 20-от век и современата музика, насочувајќи се кон сите музички новитети. Во иднина, во рамките на овој фестивал се предвидени семинари и мастер класи од сите области на музиката, како и соработка со други фестивали за современа музика од Балканот и пошироко.

boreas1

Камерниот ансамбл „БОРЕАС“ од Полска е формиран по иницијатива на полскиот обоист Јарослав Вирзиковски во 2013 година. Во него членуваат музичари кои се посветени на изучување и изведба на рана музиката, со посебен акцент на изведбата на барокната музика од централна Европа. Членовите на овој полски барокен квартет (Наталија Касперчук , Клаудина Жолниерек, Марија Гузовска, Јарослав Вирзиковски ) се академски музичари, кои голем дел од своето образование го посвететиле на изучувањето барокот, преку изучувањето на автентичните  инструменти – барокна обоа, барокно чело, барокна гитара, лаута, теорба. Во нивната летна концертна  турнеја во Југоисточна Европа 2014, овој ансамбалот ќе одржи 3 концерти во Македонија.  Публиката во Битола, Скопје и Штип ќе ја има ретката прилика да чујат изведба на оргинални  барокни композиции отсвирени на оргинални барокни инструменти.

You May Also Like