Едукативна работилница за бременоста

На 20 февруари 2014 (четврток) со почеток во 18:00 часот во објектот Даре Џамбаз-сала бр. 5 ќе се одржи Бесплатна едукација за бременост. Темата е „Најзначајните информации за бременоста и породувањето“, а организатор е Лулка – Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца.

besplatana_edukacija_za_bremenost_lulka

Оваа работилница е наменета за бремените жени и нивните партнери од Скопје и околината и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање на семејство. Младите треба да ги знаат основните информации за бременоста, со цел да имаат посакувана и планирана бременост кога за тоа ќе бидат подготвени.

You May Also Like