Поетскиот караван пристигна во Прилеп

По Дебар и Охрид, поетскиот караван продолжува, а трета станица за караванот кој патува низ Македонија е градот под Марковите кули.Настанот ќе се одржи денеска (27. Јули 2014) година во Прилеп во дворот на манастирот „Св. Ѓорѓија“ – село Присад, со почеток во 12:00 часот.

poetski_karavan_pocustvuvaj_ja_makedonija_prilep

Имено, Друштвото на писатели на Македонија, младинската организација Почувствувај ја Македонија и здружението на пензионери на Македонија и иселеници, како иницијативен одбор на проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“ , го најавуваат третиот настан од поетскиот караван на кој со своето читање ќе учестуваатт=:

– Василе Димески,
– Елена Пренџова,
– Бобан Богатиновски,
– Марина Мијаковска,
– Васо Николовски,
– Марта Маркоска и
– Перо Миленкоски.
А, покрај нив, својата монодрама наречена „Крале Марко (Синот на Волкашин)“ ќе ја изведе Славчо Ковилоски и ќе може да се ужива во музиката на дуото Signature составено од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара, восхитувајќи се на изработката на цветните пораки за мир од страна на човекот со огромна позитивна енергија Живко Поповски – Цветин.

Настанот ќе биде модериран од Сузана Апостолова и проследен фотографот Каролина Пандовска.

Како и на предходните два, така и на овој настан, ќе биде доделена наградата „Витез на Македонскиот Пишан Збор“ на еден од еминентните писатели од Друштвото на писатели на Македонија.

караванот има и хуманитарна нота – со симболична продажба на 30 книги, собраните средства се донација за Невладина Организација за Ревматизам и Артритис НОРА.

You May Also Like