Денеска (среда, 7 ноември) во 19:30 часот во Народниот театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, гостува претставата „Исти на различен начин“ по текст на Венко Андоновски во режија на Наташа Поплавска.
Претставата е комедија која низ различни ситуации укажува на моменти во кои луѓето несвесно ги кршат човековите права.
Во неа играат актери од различни театри од Македонија: Сашко Коцев, Нина Деан, Емра Куртишова, Зиба Радончиќ и Бесфорт Идризи.
По премиерата во октомври 2010 година, претставата досега се играла 25 пати низ цела Македонија.
„Исти на различен начин“ ја реализира АРТ Меди во соработка со Министерството за култура, а по иницијатива на Народниот правобранител на Република Македонија.