Познатиот стрип менаџер Ервин Рустемагиќ доаѓа во Велес

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес во средината на месец октомври традиционално ќе го организира 12 тиот Интернационален стрип салон .

ervin_rustemagic

Оваа година организаторот успеа да обезбеди реномирани стрип имиња од светот на стрипот,пред се легендарниот сараевчанец Ервин Рустемагиќ.Тој е најпознат светски стрип менаџер и издавач (сопственикот на издавачката куќа Strip Art Features – SAF.Русстемагиќ инаку многу ретко се појавува на вакви настани .

Оваа година, со помош на фондацијата ПРИНЦ КЛАУС ФУНД,како и Министерството за култура на Република Македонија и Општина Велес, македонскиот стрип центар освен македонските стрипаџии, ќе угости стрип автори од: Србија(Лесковац и Белград) ,Сараево( Босна и Херцеговина) , Црна Гора, Турција(двајца автори) , а ја прошири и соработката и со младите и неафирмирани сцени од Косово и Албанија.

Паралелно со овој сегмент завршува и традиционалниот меѓународен стрип конкурс.Организаторите велат дека радува стандарно големот број на пријавени стрип дела од странство, но уште повеќе и масовното учество на досега неафирмирани таленти од нашата држава.

Рокот за поднесување на стрипови е до 15 септември 2014 на адреса „Васил Ѓоргов“ 78, 1 400 Велес или на www.comicmk2@gmail.com

You May Also Like