Филмовите “Изненадување” на Даниел Трајков и “Cat’s Tale” на Михаела Ѓорчева земаа учество на престижниот Интернационален Мобил Филм Фестивал во Сан Диего, Калифорнија.
Филмовите беа прикажани овој викенд во Гросмонт Колеџот во Сан Диего. Трајков и Ѓорчева беа едни од учениците на минатогодишното издание на Мобил Фестивал” – Македонскиот интернационален фестивал на филмови снимени со мобилен телефон, посветен на Ратка Илиевска -Лале.
Мобил Фестивалот соработува со најпознатите светски фестивали од овој вид и ова е втора година под ред за македонски филмови да учествуваат на овој фестивал. Оваа година Мобил Фестивалот ќе се одржи по четврти пат во ноември 2013, а конкурсот за пријавувањето на филмови е отворен во текот на целата година.