Позитивна критика за романот „Дваесет и првиот“ на Османли во Загреб

Во загрепски „Јутарни лист“ неодамна беше објавена рецензија за  романот „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли. Автор на освртот е Јагна Погачник, една од најугледните современи хрватски критичари.

„Романот на Османли со својата сложена структура го фаќа духот и ритамот на времето, но и предупредува на вечната и ‘голема‘ тема на преплетување на временските и просторни координати. Логичниот тек на времето е пореметен, се забавува и се враќа наназад, а иднината е сè понеизвесна, дури и за младите ликови Богдан и Маја кои ‘уморниот град и истрошената земја‘ се обидуваат да ја заменат со нешто подобро“, пишува Погачник.

Романот на хрватски беше промовиран во септември, во издание на загрепската издавачка куќa „Сандорф“. Aвторкатa на текстот е и уредничка на прозната едиција „конТЕКСТ“ на двете книгоиздавателства „ЕПХ“ и „Нови Либер“, а соработува и со „Алгоритам“. Преведувач е и од словенечки јазик.

„Дваесет и првиот“ е добитник на наградата Роман на годината на Утрински весник и беше македонски претставник за „Балканика“ во 2010, кога добитник беше Исмаил Кадаре.

You May Also Like