Спортскиот центар Форца, денес и официјално го отвори новиот простор наменет за најмладите, a први гости беа децата од Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври”.
Наменета за деца од една до десет години, игротеката е предвидена да стане вистински забавен центар за најмладите. Главен адут на игротеката е секојдневната дезинфекција на просторот, аспект кој е навистина значаен како за здравјето на децата.
„Огромно благодарам од името на сите дечиња до Форца, кои и овој пат не не заборавија. Децата си поминаа навистина прекрасно, и навистина е задоволство за нас да бидеме првите гости на ваква убава игротека. Воедно, фактот дека истата ќе биде секојдневно дезинфицирана е навистина значаен, па децата ќе можат да поминуваат многу убави мигови во ова ново, детско кралство”, изјави Ристенка Атанасова, Директорка на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври” од Скопје.
Задоволството на лицата на дечињата, ги наполни срцата на претставниците на Центарот Форца кои за првпат видоа колку многу радост ќе донесе новата игротека за децата.
„Со отворањето на игротеката која е прва дезинфицирано место за детска забава на отворено во градот, Центарот Форца го следи концептот на место за целото семејство. Покрај спортските содржини, кафе барот, летната тераса, ова е новитет кој посетителите го очекуваа со цел нивните деца да се забавуваат додека родителите спортуваат или го пијат своето кафе. Дополнително, ова лето со работа започна и пералната за автомобили, единствена од овој тип во која се користи водена пареа за миење на возилата. Би сакале да ги поканиме сите родители со своите деца, да дојдат во Форца и да уживаат во содржините кои буквално можат да го исполнат целиот ден”, изјавија од Форца.
Игротеката, заедно со авто пералната се дел од новитетите кои Форца ги претстави или ги најави за летото и претстојните месеци. Истата е отворена во текот на работењето на кафе барот, па сите заинтересирани ќе можат во било кој дел од денот да дојдат и да ги остават децата да се забавуваат во најголемата игротека во овој дел од Скопје.