Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Штип.
На 31 август, пред храмот Св.Ѓорѓија во селото Лесковица, Штипско, ќе настапат поетите Илхами Емин, Благој Самоников, Трајче Кацаров, Љубинка Донева, Борче Панов, Христо Петрески и Оливера Доцевска.
Во карванот на ДПМ, до крајот на годината, ќе учествуваат шеесет поети во рамките на проектот „Почувствувај ја Македонија“, со цел афирмација и доближување на литературното творештво до читателите.
Карванот започна на 22 јуни во Дебар, потоа се одржа во Охрид и Прилеп, а сега, преку Штип, ќе продолжи низ повеќе градови од земјата, меѓу кои, Велес, Куманово, Гостивар, Битола, Неготино, Струмица и Виница. Средбите со љубителите на пишаниот збор, се одржуваат на неконвенционален начин, на отворен простор, и се во функција на запознавање со природните убавини, историските знаменитости и духовните светилишта на Македонија.