Во Прилеп отворена изложба на Сања Јездиќ

Синоќа (петок, 24 октомври) во галеријата на Центарот за култура „Mарко Цепенков“ во Прилеп беше отворена изложба на дела од уметницата Сања Јездиќ од Прилеп.

izlozba_sanja_jezdic_prilep

Моите слики, вели уметницата се интимистички и најчесто биле инспирирани од човекот, односно луѓето.

– Главен мотив секогаш е животот на поединецот, неговата индивидуалност, неговите копнежи и стравови, но исто така неговиот однос кон другите луѓе и печатот што го остава врз нив.. Делата се изработени во колажна техника, на хартија или на платно. На оваа изложба ги претставувам моите впечатоци од досегашното мое постоење меѓу луѓето преку следниве циклуси: „Гревови“, „Допири на денот“ и „Ништо не е онака како што изгледа. Или е?“, како и неколку слики кои претставуваат “раскази“ сами за себе – вели Јездиќ.

———————–

Сања Јездиќ, родена на 06.12.1975 година во Белград, во моментов живее во Прилеп. После основното училиште, своето образование го продолжила во Училиштето за применета уметност во Скопје (1990 – 1993) на отсекот Облека и текстил, а потоа и на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, каде дипломирала во класата на проф. Рубенс Корубин, педагошки отсек и сликарство, во 1999 година. Од истата 1999 година па се до денес работи како наставник по ликовно образование во повеќе училишта во Општина Долнени.
Има една самостојна изложба, организирана 2004 година во Ликовната галерија во Прилеп, како и учество на неколку ликовни колонии и групни изложби во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп.

You May Also Like