VII Национална конференција за борба против рак на дојката

VII-та Националната конференција е под покровителство на г-ѓа Маја Иванова, сопруга на Претседателот на Репубилка Македонија.

7-konferencija-borba_rak_na_dojka

Конференцијата ќе се одржи на 14 октомври 2014 година во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје со почеток во 18:00 часот.

VII-та Националната конференција е под покровителство на г-ѓа Маја Иванова, сопруга на Претседателот на Репубилка Македонија. На конференцијата кратки поздравни говори ќе имаат Министерот за здравство г-дин. Никола Тодоров, Директорката на ФЗОМ г-ѓа Маја Парнаџиева како и Амбасадорката на Франција во РМ, г-ѓа Лоренс Оре и сопругата на Амбасадорот на САД во РМ, г-ѓа Мери Џо Волерс.

На конференцијата свое обраќање во работниот дел ќе има д-р. Жозеф Глигоров, спец. онколог од Болницата Тенон, Парис, Франција, а покрај него ќе се обратат и Д-р. Митко Караѓозов, Клиничка болница Аџибадем Систина и Д-р. Милан Ристевски ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија и Проф. Д-р. Смиља Туџарова – Ѓоргова ЈЗУ Клиника за пластична и реконструктивна хирургија.

You May Also Like