Поетска ноќ во Велестово

Денес и утре, (петок и сабота, 19 – 20 август 2011 година) , ќе се одржи 23-то издание на  манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.

Со ова издание манифестацијата го потврди својот континуитет и својата вредност и се избори за високо место во нашата држава, кога станува збор за манифестации од ваков ранг – изјави организаторот на манифестацијата Славе Ѓорѓо Димоски.

На годинешната манифестација првата ноќ ќе биде посветена на поезијата на Владимир Мартиновски, а со своја изложба ќе се претстави и Емилија Лазаревска.  На првата поетска ноќ, присутните ќе имаат можност да уживаат во музиката на групата Starowski.

Втората вечер „Глобално поетско село“ е посветена на интернационалното поетско читање, во која свој настап ќе имаат Сим Кера, од Естонија(поезија), Жељко Миловиќ, Црна Гора ( поезија), Елена Рибет, Италија (поезија), Лука Бенаси, Италија (поезија), Патрик Котер, Р. Ирска (поезија).

Во музичкиот дел  ќе настапи групата Undone&friends, а публиката ќе може да ужива и во изложба на рачно изработен накит од Елена Ристовска и Глигор Кузмановски.

You May Also Like